Нетанјаху ќе ја посети Прага и ќе изрази благодарност за поддршката на Чешка во ОН

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе ја посети Прага и на чешкиот премиер Петр Нечас ќе му се заблагодари за чешкото „не“ при гласањето за новиот статус на Палестина во Обединетите нации.

Чешката Република како единствена европска земја се спротивстави на признавањето на Палестина за нечленска земја набљудувач во ОН, јави дописникот на МИА од Прага.

– Денеска телефонски разговаравме со премиерот Нетанјаху, кој и се заблагодари на чешката Влада за долгорочниот конзистентен став за блискоисточниот мировен процес и за нашето гласање во ОН во четвртокот, го пренесе ставот на Нечас, портпаролот Михал Шустер.

Нетанјаху в среда ќе ја посети Чешка искористувајќи го патувањето во Германија каде ќе учествува на заедничка седница на германската и израелската Влада.

Генералното собрание на ОН во четвртокот ја изгласа Предлог резолуцијата со која на Палестина и се признава статусот на земја набљудувач нечленка на ОН.

Од 193-те членки на Обединетите нации „за“ гласаа 138, против беа девет а воздржани 41 членка.

Чешка, која во ЕУ која се смета за еден од најблиските сојузници на Израел претходно образложи дека признавањето на Палестина може да го загрози и одложи обновениот мировен процес.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел