Нетанјаху: „Ја пробивме бариерата на стравот“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заземањето на историската тврдина Бофорт во Либан претставува „драматична промена“ во израелската политика, бидејќи израелските трупи, рече тој, ги прошируваат операциите во јужен Либан против Хезболах.

„Заземањето на Бофорт е драматична фаза и драматичен пресврт во политиката што ја водиме“, рече Нетанјаху во видео порака објавена од неговата канцеларија, додавајќи дека издал наредба за „зајакнување и проширување на контролата врз областите што биле под контрола на Хезболах“, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој ја даде изјавата во време кога Хезболах, според израелските тврдења, продолжува со ракетни и беспилотни напади врз северен Израел од правец на Либан, додаде израелскиот портал.

Нетанјаху потсети дека тврдината Бофорт имала симболично значење уште од Првата либанска војна во 1982 година, кога станала едно од првите места на конфликт во кое израелските сили ја окупирале позицијата, и дека Израел ја контролирал областа за време на 18-годишната окупација на јужен Либан, сè до повлекувањето во 2000 година.

„Денес се вративме во Бофорт поинаку – обединети, одлучни и посилни од кога било“, нагласи Нетанјаху, наведувајќи дека Израел „ја пробил бариерата на стравот“ и дејствувал на повеќе фронтови, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Либан.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран