Нетанјаху ја повика опозицијата на формирање влада на национално единство

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика опозициските лидери Јаир Лапид и Бени Ганц да формираат итна влада на национално единство по ненадејниот напад на Хамас врз земјата, објави неговата партија Ликуд во соопштението, а пренесе Би-би-си.

Нетанјаху ја дал понудата на состанокот со Лапид и Ганц, според соопштението на Ликуд. Лапид малку порано објави дека му понудил на Нетанјаху формирање заедничка коалиција „која може да води тешка, комплицирана и долга војна“.

„Нема да се оптоварувам со прашањето кој е виновен и зошто бевме изненадени. Заедно ќе се соочиме со нашиот непријател“, изјави поранешниот центристички премиер Лапид на социјалната платформа Х, порано позната како Твитер. Тој додаде дека „државата Израел е во војна“ и дека тоа нема да биде „лесна или кратка војна“, а зборуваше и за опасностите од војување на повеќе фронтови.

Нетанјаху знае дека не може „да води војна со нефункционален и екстремистички состав на владата“, нагласи Лапид, додавајќи дека на Израел му треба одговорно лидерство. Нетанјаху, лидерот на конзервативната партија Ликуд, е на чело на десничарската коалициска влада од крајот на минатата година, во која има и екстремно десничарски министри. Ова е најдесничарската израелска влада досега.

Би можело да ве интересира

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти