Нетанјаху: Израел заврши со пандемијата, први сме во светот

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека неговата земја е „првата во светот што излезе од пандемијата на коронавирусот“, благодарение на брзата и ефикасна кампања за имунизација на населението.

Нетанјаху кажа дека со „зелениот пасош“, кој потврдува дека носителот примил две дози од вакцината, веќе ќе може да се оди во ресторани, театри и на спортски настани, проценувајќи дека „еврејската држава во голема мера заврши со пандемијата“.

-Израел беше познат, но и сега е познат, како стартап нација. Од денеска земјата ќе биде позната и како земја на вакцинацијата. Ние му даваме пример на светот, ние сме многу горди на тоа, кажа израелскиот премиер, истакнувајќи дека, сепак, не смета дека се е готово и дека маските ќе се носат уште некое време,“ изјави тој за „Фокс њуз“.

Израелските медиуми наведуваат дека здравствените власти во земјата не го делат целосно убедувањето на Нетанјаху, бидејќи предупредуваат дека новите видови на коронавирус можат да ги нарушат плановите за брзо враќање во нормалниот живот.

Првата доза на вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја примија повеќе од половината од вкупното население од 9,3 милиони жители, а речиси 40 проценти од нив ја примија и втората доза, повеќе отколку во која било друга земја во светот.

Нетанјаху најави дека до 5 април економијата во земјата во целост ќе се врати на вистинскиот колосек.

Тој, меѓу другото, кажа дека се надева оти успешната вакцинација ќе придонесе и за негова победа на општите избори закажани за 23 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски