Нетанјаху и Путин ќе разговараат за „договорот на векот“ на Трамп

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го покани рускиот претседател Владимир Путин заеднички да разговараат за „договорот на векот“ на САД за решавање на конфликтот меѓу Израел и палестинската власт, јави руската агенција ТАСС.

– Вие сте првиот лидер што го сретнувам по мојата посета на Вашингтон и по (објавувањето на) планот на (американскиот претседател Доналд) Трамп. Мислам дека денеска имаме можност (да разговараме на темата), би сакал да го слушнам вашето мислење и да видам како можеме да собереме сета сила за да обезбедиме мир и спокоен живот во регионот, рече Нетанјаху.

На средбата со Путун, тој му се заблагодари за ослободувањето на Израелката Наама Исахар, која беше приведена и осудена во Русија во април 2019 година.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари