Нетанјаху и дал одврзани раце на армијата за напади врз ирански цели

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на војската и наредил да направи се што е неопходно за да се спротивстави на иранската закана.

-Никогаш не сум му давал имунитет на Иран. Тоа е држава која се заколна дека ќе го уништи Израел. Таа се обидува да создаде бази против нас насекаде: во самиот Иран, во Либан, Сирија, Ирак и Јемен, изјави премиерот во интервју за Канал 9 на израелската телевизија.

На прашање дали Израел дејствува против иранските сили во Ирак, тој одговори: „Ние дејствуваме на многу воени полиња против државата која се стреми да не уништи. На силите за безбедност им имам дадено слобода да направат се што е неопходно за да пропаднат иранските заговори“.

Лидерите на шиитската организација „Ал Хашд аш-Шааби“ ги обвинија САД дека на израелските дронови им дозволиле да изведуваат напади врз нивниот камп во јужната ирачка провинција Саладин.

Би можело да ве интересира

Илјадници граѓани на улиците на Израел бараат нови избори и враќање на заложниците

Горан Наумовски

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on