Нетанјаху го нарече иранскиот претседател „волк во овча кожа“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел може да преземе пред САД воени дејствија против иранската нуклеарна програма и го нарече новиот ирански претседател Хасан Рохани „волк во овча кожа“.

– Ние сме поблиску до Иран. Ние сме позасегнати. И затоа можеби ќе треба пред САД да преземеме мерки против Иран, рече Нетанјаху во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес.

– Во Иран има нов претседател. Тој го критикува неговиот претходник дека бил волк во овча кожа. Но и неговата стратегија е да биде волк во овча кожа: да се смешка, додека произведува бомба, нагласи Нетанјаху.

Според израелскиот премиер Иран се доближува до црвената линија, но се уште не ја преминал.

Нетанјаху нагласи дека Иран има околу 190 килограми ураниум, збогатен до 20 проценти и додаде дека за производство на атомска бомба се потребни 250 килограми.

Израелскиот премиер побара од меѓународната заедница да го зајакне притисокот врз Иран да ја стопира својата нуклеларна програма со затегнување на санкциите.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски