Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „нема прекин на огнот во Либан“ и дека Израел продолжува да го напаѓа Хезболах.
Нетанјаху рече дека Израел „продолжува да го напаѓа Хезболах со голема сила“, објавува „Тајмс оф Израел“.
– Нашите значајни достигнувања, и во Иран и против оската на злото, доведоа до историска промена во позицијата на Израел во регионот. Тие, исто така, доведоа до промени во нашите односи со земјите со кои претходно немавме односи, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер претходно вчера изјави дека ѝ наложил на владата што е можно поскоро да започне директни преговори со Либан.
Како што изјави, преговорите ќе бидат насочени кон разоружување на либанската милитантна група Хезболах и воспоставување мирни односи меѓу Израел и Либан.
Либанските власти побараа привремено прекин на огнот за да се овозможи преговори со Израел.
