Нетанјаху: Австралија треба да внимава на реториката поврзана со антисемитизмот

Од:

Нетанјаху рече дека политиките на австралиската влада, вклучително и признавањето на палестинска држава, ја поттикнуваат „омразата кон Евреите што сега се шири низ улиците на Австралија“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по вооружениот напад за време на прославите на Ханука во Сиднеј, изјави дека уште во август, испратил писмо до австралискиот премиер Ентони Албанезе, обвинувајќи ја Канбера дека „додава масло на огнот на антисемитизмот“.

Парафразирајќи ја содржината на писмото, Нетанјаху рече дека политиките на австралиската влада, вклучително и признавањето на палестинска држава, ја поттикнуваат „омразата кон Евреите што сега се шири низ улиците на Австралија“.

„Антисемитизмот е рак. Се шири кога лидерите молчат. Слабоста мора да се замени со акција“, рече Нетанјаху, објавува The Times of Israel.

Тој го оцени нападот во Сиднеј како „страшен чин на ладнокрвно убиство“, додавајќи дека бројот на жртви, според него, за жал се зголемува.

Нетанјаху рече дека Израел е во борба против глобалниот антисемитизам.

„Единствениот начин да го потиснеме е јасно да го осудиме и да се бориме против него. Нема друг начин. Тоа е она што го правиме во Израел и ќе продолжиме да го правиме“, рече израелскиот премиер.

Според најновите податоци, најмалку 12 лица, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, беа убиени во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собраа да ја прослават Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, додека 29 лица беа ранети, објавија претходно австралиските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он