Нетанјаху: Ако повторно бидам избран, ќе го анектирам Западниот Брег

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна денеска својата намера да ја анектира долината на реката Јордан на Западниот Брег доколку победи на изборите следната недела.

– Денеска ја најавувам својата намера, по воспоставување на новата Влада, да го применам суверенитетот на Израел на долината на Јордан и северниот дел на Мртво Море, изјави Нетанјаху.

Тој нагласи дека таквиот потег нема да биде направен пред објавувањето на долгоочекуваниот американски мировен план и консултациите со претседателот на САД, Доналд Трамп. Засега нема никакви коментари од Вашингтон.

Палестинскиот премиер Мохамед Иштије, непосредно пред говорот на Нетанјаху, истакна дека израелскиот лидер „е главниот уништувач на мировниот приоцес“.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци