„Нестле“ се извини за навредливиот твит за исчезнатите мексикански студенти

Од:

Компанијата „Нестле“ се извини поради навредливото соопштение на Твитер за исчезнатите 43 мексикански студенти по педагогија, кои најверојатно станале жртви на масакр. Компанијата за прехранбени производи соопшти дека твитот е објавен без дозвола на компанијата.

Главниот обвинител на Мексико соопшти во петокот, дека студентите од малото гратче Ајотсинапа најверојатно биле убиени, изгорени и погребани, откако на крајот на септември биле киднапирани од корумпирани полицајци, кои дејствувале во согласност со локална наркобанда.

Во неделата вечерта, во твит, објавен од мексикански налог, посветен на чоколадите „Кранч“ на „Нестле“, на мексикански сленг било напишано „Ги здробија тие од Ајотсинапа“.

Портпаролот на „Нестле“ изјави дека твитот бил отстранет непосредно откако бил објавен.

Тој рече дека компанијата почнала истрага, за да се открие испраќачот на твитот, но не прецизира дали налогот бил хакиран.

Вчера „Нестле“ објави ново соопштение на Твитер, кое гласеше: „Уште веднаш ќе поднесеме најискрени извинувања за навредливиот твит, што целосно противречи на нашите вредности“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД