Најмалку 30 лица загинаа, а 11 се повредени во Калабар, Нигерија, кога електричен кабел падна на зграда каде поголема група била собрана да го гледаат натпреварот од Европската лига меѓу Манчестер јунајтед и Андерлехт, јавија локалните медиуми.
Едно лице е во критична состојба. Според локалните медиуми, во моментот во објектот имало околу 80 лица, но останатите успеале да побегнат.
Според наводите на нигериската полиција, несреќата се случила синоќа, околу 22.00 часот.
На својот Твитер налог, управата на Манчестер јунајтед денеска изрази сочуство до семејствата и пријателите на жртвите.