Нереди во Пакистан откако полицијата се обиде да растера демонстранти

Од:

Со солзавец и водени топови пакистанската полиција се обиде да ги разбие демонстрантите во главниот град Исламабад кои протестираа против промнетата на изборниот закон и молитвата која секој избран политичар ќе мора да ја даде, а е неприфатлива за исламистичките партии во земјата. Освен во Исламабад, протести се ширеа во повеќето големи градови во земјата.

Демонстрантите поврзани со муслиманското движење Техрик и Лабаик Ја Расул Алах две недели блокираа клучка во Исламагад, а откако одбија да се повлечат по неколкуте добиени судски одлуки дека нивниот протест е нелегале дојде до судири. Во протестите учествувале неколку илјади луѓе, а водачите на организцијата биле обвинтеи за организирање безредија и напади врз полицијата.

Околу 8.500 полициски и армиски припадници интервенирале за разбивање на демонстрантите кои вооружени со стапови и камења го бранат водачот на движењето Кадим Хусеин Ризви.

По полициската интервенција, протестите се прошириле и во Карачи, каде што демонстрантите исто така блокирале важни сообраќајници, а засега нема полициски интервенции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица