Нереди во Богота

Од:

Во Богота, претстолнината на Колумбија, синоќа дојде до судири помеѓу полицијата и маскирани момчиња, за време на маршот, којшто се одржува во знак на поддршка на протестот на ситните земјоделци.

Како што пренесуваат локалните медиуми, момчињата фрлале камења и тули, поради што полицијата одговорила со солзавец.

Вкупниот биланс на синоќешните протести во центарот на Богота, е дваесет повредени, од кои десет полицајци, изјави началникот на полицијата на Луис Едуардо Мартинес, пренесе „Асошиејтед прес“.

Ова е едно од најголемите улични насилства на улиците во градот, од немирите во март 2012 година, кога мирните протести против состојбата во градскиот автобуски сообраќај прераснаа во насилство, благодарение на помладите учесници.

На синоќешниот протест му претходеше телевизиското обраќање на претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос, кој истакна дека жалбите на околу 45.000 земјоделци , произведувачи на кафе и возачи на камиони, кои од минатата недела ги блокираат автопатите во Колумбија , се оправдани и се резултат на повеќегодишната негрижа на државата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски