Генерал Јуриј Садовенко, заменик на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу, почина ненадејно на 56-годишна возраст.
Генерал-потполковник Јуриј Садовенко почина во четврток, 25 декември, во Москва.
Садовенко работеше многу години со поранешниот министер за одбрана и сегашен секретар на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу. Во 2002 година, кога Шојгу беше началник на Министерството за вонредни ситуации, тој стана негов помошник.
Кога Шојгу стана гувернер на Московскиот регион (мај-ноември 2012 година), Садовенко беше негов началник на кабинетот.
На почетокот на 2013 година, два месеци откако Шојгу беше назначен за министер за одбрана, Садовенко се приклучи на министерството, каде подоцна стана заменик на Шојгу.
Тој беше отстранет од функцијата во мај 2024 година.
Садовенко е роден на 11 септември 1969 година во Житомир. Дипломирал на Рјазанската виша воздушно-десантна командна школа на Лениновиот комсомол и на Претседателската академија за јавна администрација. Од 1990 до 1994 година служел во вооружените сили, учествувајќи во борбени операции.
Одликуван е со Орден за честа, со Медал од Орденот „За заслуги на татковината“ II степен и со Медалот Суворов.
