Кениската полиција денеска употреби солзавец за да растера група демонстранти во Момбаса, кои протестираа поради убиството на популарен локален муслимански верски лидер и на тројца негови соработници.
Според очевидци, демонстрантите во текот на немирите запалиле и една локална црква. Кениската полиција соопшти дека четири лица, меѓу кои и радикалниот верски лидер шеик Ибрахим Омар, биле убиени минатата ноќ од страна на група вооружени напаѓачи во Момбаса.
Убиството на шеикот Омар уследи десетина дена по нападот на припадници на сомалиската ислмистичка група Ал Шабаб врз трговски центар во Најроби, при што загинаа најмалку 67 лица.
Приврзаниците на Омар тврдат дека тој е само една од жртвите во серијата убиства на муслимани од страна на безбедносните сили, извршени по инцидентот во Најроби. Кениските власти ги негираат ваквите тврдења.