Петмина маскирани напаѓачи вооружени со автоматско оружје денеска отворија оган врз полицајци во францускиот град Марсеј. Во инцидентот нема жртви, изјави портпаролот на локалниот полициски синдикат Жан-Мари Алеман.
Напаѓачите носеле маски и панцири. Инцидентот се случи во квартот Кастелан, дел од градот каде често се извршувани полициски акции за спречување шверц на дрога.
Меѓу полицајците бил и началникот на полицијата на Марсеј, Пјер Мари Бурникел.