Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Од:

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп изјави дека нема да одржи уште една предизборна дебата со американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис.

Трамп ја даде изјавата во средата, неколку часа откако Фокс њуз ги покани двајцата кандидати на претседателските избори на 5 ноември да учествуваат во евентуалната втора дебата на 24 или 27 октомври, пренесува Ројтерс.

Во пораката на социјалната мрежа Трамп изјави дека „сега е многу доцна за дебата“ и дека „нема што да се разговара“.

Тој и Харис првпат дебатираа на 10 септември.

Трамп претходно ја одби поканата на CNN за дебатата на 23 октомври, што Харис ја прифати.

„Камала вчера јасно стави до знаење дека нема да направи ништо поинаку од Бајден, така што немаме за што да разговараме“, додаде Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд