Њујорк тајмс – Њујорк
Минатата година авганистанската армија загубила над 17 илјади луѓе од својот воен и цивилен персонал, како послeдица на дезертерствa, смрт во воени акции и отпуштања. Така вооружените сили кои треба да бројат 195 илјади луѓе, се соочуваат со голем недостиг од личен состав. Во споредба со 2014 година, има значителен пораст на убиени и ранети припадници на авганистанските сили во нивната борба против талибанците, што ги троши тие сили до ниво на неподносливост.
И додека се приближува сезоната на пролетни битки, новата авганистанска Влада на претседателот Ашраф Гани, која беше формирана лани во септември, допрва ќе номинира човек на позицијата министер за одбрана. Тоа веројатно е така затоа што, како што велат западни официјални лица, членовите на Парламентот чекаат да добијат поткупи пред да дадат зелено светло за назначување на генералот Шер Мухамед Карими.
Постојат слаби знаци дека претседателот Гани располага со можност да ја промени оваа мрачна тенденција, како и дека продолжувањето на престојот на неограничено време на американските војници ќе доведе до победа над талибанците и создавње функционална авганистанска држава. Имајќи ја предвид таа можност, Пентагон се обидува да обебзеди поддршка за забавување на темпото на повлекување на останатите околу 10 илјајди американски војници кои се во Авганистан.
До крајот на оваа година, контингентот на САД треба да се намали на 5.500 војници, а потоа да достигне минимална бројност до крајот на 2016 година.
Кога во Конгресот се обрати генерал Џон Кембел, највисоко рангиран командант во Авганистан, тој рече дека владата во Кабул може да има голема полза во следните неколку месеци од останувањето на повеќе американски војници за поддршка и обука на силите за безбедност во земјата, кои продолжуваат да се борат со талибанците за контрола на територијата.
Новиот секретар за одбрана Аштон Картер, неодамна рече дека луѓе од Администрацијата го преоценуваат планот за повлекување и имаат намера да се советуваат со Гани кога тој ќе го посети Вашингтон на крајот на месецов.
Не изненадува тоа што официјални лица во САД кои се навикнати на продолжени и скапи војни, наведуваат аргументи со цел на оваа воена кампања да и биде дадено малку повеќе време и пари. Но, тие не објаснуваат убедливо како со забавувањето на повлекувањето ќе бидат постигнати целите кои се користат како изговор повеќе од една деценија.
Меѓу нив се создавањето на авганистанска армија, за која дезертерството е постојан проблем, потоа втерувањето на талибанците во политичката арена и создавање на влада која ќе им одговара на сите Авганистанци и може да се избори со растечката корупција која им оди во прилог на талибанците.
Веројатно не е можно да бидат решени овие длабоко вкоренети проблеми, така што Администрацијата на Обама сега се фокусира кон привремени тактички прашања. Останувањето на околу 10 илјади војници во 2015 година, велат официјални лица, ќе и овозможи на меѓународната коалициија да ги зачува малкуте бази надвор од престолнината и така да се отвори можност, на пример, да се одложи затворањето на базата во провинцијата Кандахар, каде е центарот на бунтот на талибанците.
Претседателот Гани, кој досега се прикажува како кооперативен партнер на Вашигтон, за разлика од неговиот лабилен претходник Хамид Карзај, во голема мерка е наклонет кон забавување на повлекувањето. Со ист став се и официјални лица во соседен Пакистан. Во Конгресот на САД, оваа идеја има стабилна двопартиска поддршка, која во голема мера се должи на немирот од развојоот на ситуацијата во постамериканската ера во Ирак.
Но, ќе биде грешка да се промени динамиката на повлекувањето без поднесување на сериозни докази дека тоа ќе ги промени нештата. Доаѓањето до успешен крај на авганистанската војна ќе бара значителни промени во регионалната политика и убеденеоста на талибанците дека ќе добијат повеќе на политичата арена, отколку на бојното поле.
И малку е веројатно дека останувањето на неколку илјади американски војници во Авганистан за уште една година ќе ги подобри нештата со одложување на почетокот на постамериканската ера во таа земја.