Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Од:

Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 час загинаа повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи 35 деца, соопштија палестински медицински извори, соопшти новинската агенција WAFA. Агенцијата соопшти дека меѓу убиените во израелските напади е и новинарот Мухамед ал-Мунирави, кој работел за палестински весник и бил убиен во воздушен напад врз кампот Нусеират во централна Газа.

Нападите, исто така, ги таргетирале населбата Ал-Сабра, јужно од градот Газа, и кампот Ал-Шати, западно од градот Газа. Медицински извори потврдија дека болниците продолжуваат да примаат сè поголем број мртви и ранети, како и сериозен недостиг на медицински ресурси и тешкотии за амбулантните возила да стигнат до одредени области поради бомбардирањето.

Нападите се случија откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да изврши „тешки напади“ врз Газа, обвинувајќи го Хамас за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври, објави АП. Наредбата на Нетанјаху дојде откако израелските власти изјавија дека Хамас отворил оган врз израелските сили во јужна Газа.

По нападите, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека прекинот на огнот ќе продолжи. „Израелските одбранбени сили ќе продолжат да го почитуваат договорот за прекин на огнот и ќе одговорат решително на секое негово кршење“, се вели во соопштението, објави „Тајмс оф Израел“. Примирјето се спроведува во согласност со директивата од политичкиот ешалон, се вели во соопштението.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека „ништо“ нема да го загрози примирјето во Газа, но додаде дека Израел „треба да возврати“ доколку неговите војници бидат цел на напади. Претходно, израелската влада ја информираше администрацијата на американскиот претседател за својата одлука да изврши напади во градот Газа како одговор на кршењата на примирјето од страна на Хамас, откако израелскиот премиер ја издаде наредбата, соопшти кабинетот на премиерот.

Би можело да ве интересира

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски