Нема казна за навреда на францускиот претседател

Од:

Да се биде непристоен кон францускиот претседател повеќе не е навреда, откако денес парламентот се согласи одредбата од 1881 година да ја стави во амандман во корист на слободата на изразување.

Претходно навредувањето на претседателот беше законски казниво, а сега претседателот е смеснет во иста категорија како и министрите и пратениците и судиите треба да одлучат дали тој е наклеветен.

Оваа промена дојде откако Европскиот суд за човекови права оцени во март дека Франција го прекрши правото на слобода на изразување на еден демонстрант, кој парично беше казнет бидејќи носеше транспарент кој што се однесуваше на поранешниот претседател Никола Саркози и на кој стоеше „Изгуби се, идиоту“.

Судот тогаш одлучи дека Ерв Еон го навредил претседателот и дека мора да плати казна од 30 евра.

Доколку судијата процени дека некој го наклеветил францускиот претседател се уште е во опасност да плати казна која може да изнесува дури и 45.000 евра.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина