Нема идеолошки мотиви кај осомничениот за инцидентот во Франкурт, тврди швајцарската полиција

Од:

Осомничениот за убиството на осумгодишното дете, кое беше турнато под шини на станицата во Франкфурт, очигледно немал идеолошки мотиви кога минатата недела го заклучил неговото семејство и му се заканил на соседот во градот Веденсвил, во близина на Цирих, каде живеел, изјавија денеска швајцарските иследници во Цирих, пренесе ДПА.

Четириесетгодишниот Еритреец, кој сега е под психијатриска нега, до јануари работел во циришката јавна транспортна компанија, но оттогаш е на боледување, на медиумите во Цирих и соопштија од локалната полиција и обвинителство.

Православниот христијанин живеел „незабележително“ до минатиот четврток, кога имал домашен инцидент во кој биле инволвирани неговата сопруга и нивните деца, на возрат од една, три и четири години, како и нивниот сосед, изјави Бруно Келер, заменик началник на полицијата во Циришкиот регион, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија