Разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Велика Британија и Еквадор завршија без напредок во проблемот со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж кој останува во еквадорската Амбасада во Лондон.
Вилијам Хејг и Рикардо Патинио се договорија денеска на средба да биде формирана работна група која ќе изнајде решение за несогласувањата меѓу Кито и Лондон, се вели во соопштение.
Пред околу една година, Асанж побара засолниште во Амбасадата на Еквадор за да избегне екстрадиција во Шведска.