Нема бегање, предупредува СЗО: опасната индиска мутација ќе се прошири низ цела Европа

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека индиската мутација на коронавирусот ќе се прошири низ цела Европа, изјави шефот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

СЗО нагласува дека моментно оваа варијанта на вирусот предизвикува најсериозна загриженост, пред сѐ затоа што индиската мутација е поопасна, позаразна и може да инфицира дури и луѓе со силен имунитет.

Клуге упати совет до Европејците: и покрај стивнувањето на пандемијата, да не ги занемаруваат здравствените мерки. Тој изрази надеж дека искуството во борбата против Ковид-19 ќе помогне да се избегнат голем број грешки направени на почетокот на пандемијата, што ќе овозможи да се спасат животи.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон