Нелсон Мандела полека заздравува, тврди неговата најмлада ќерка

Од:

Здравјето на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела секој ден е се подобро и сега тој може да седи по неколку минути дневно, изјави денеска неговата најмлада ќерка Зинџи Мандела.

– Татко ми сега е добро и успева да седи на стол по неколкуминути дневно и се подобро реагира на околината. Одлучен е се уште да не не напушти. Тој не поседува сила на некој обичен човек, неговата сила едноставно не може да се објасни. Дури и сега кога неговото здравје е лошо, тој некако успева да заздрави, иако сите сметаа дека ова е неговиот крај, истакна Зинџи.

Нелсон Мандела, кој на 18. јули го прослави 95 роденден, веќе два месеца е во болница во Преторија поради инфекција на белите дробови.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска