Нелсон Мандела отпуштен од болница

Од:

Легендарниот лидер на борбата против апартхејдот во Јужна Африка и порашен претседател на оваа држава, Нелсон Мандела денеска е отпуштен од болница, каде во изминативе девет дена се лекуваше од пневмонија.

– Мандела беше отпуштен денеска, 6 април, по трајното и постепено подобрување на неговата општа здравствена состојба, соопшти прес-службата на Кабинетот на актуелниот претседател на Јужна Африка, Џејкоб Зума.

Првиот претседател црнец на Јужна Африка, 94-годипниот Мендела, на 27 март беше примен во болница во Преторија. Ова беше трета хоспитализација на Мандела од декември минатата година.

Мандела, кој беше претседател на Јужна Африка од 1994 до 1999 година, не е појавен во јавноста од јули 2010 година, кога присуствуваше на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство на стадионот во Совето.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска