Во кениската престолнина Најроби и низ другите градови избија насилни протести откако опозицискиот лидер Раила Одинга изјави дека на претседателските избори имало хакерски упад со кој биле променети конечните резултати од изборите, пренесоа американските медиуми.
Веднаш по изјавата на Одинга гневни демонстранти од сиромашните квартови на Најроби и бастионот на опозицијата, градот Кисуму, во југозападна Кенија, запалија гуми, кренаа барикади на улиците и влегова во отворени судири со полицијата, изјавија очевидци, пренесува БТА.
Во Најроби беа убиени две лица, откако протестите ги искристиле за крадење, изјави началникот на полицијата во градот, Џафет Кооме.
Во другата опозициска крепост, округот Кииси, полицијата убила еден човек, откако пикала врз демонстрантите, изјави Ленард Катана, командант на регионалната полиција.
Одинга обвинувањата ги упати откако беа објавени изборните резултати од повеќето гласачки места, според кои, претседателот Ухуру Кенијата има голема предност пред опозицискиот лидер. Одинга на Твитер ги објави резултатите од сопственото пребројување на гласовите. Според нив, тој е победник на изборите со освоени 8,1 милиони гласови наспроти 7,2 милиони за Кенијата.