Цистерна со гас денеска експлодира пред породилиште во Мексико Сити, разурнувајќи дел од болницата и ранувајќи десетици лица, соопштија локалните власти.
Како што пренесуваат американските медиуми, градоначалникот на главниот град Мигел Анхел Мансера за локалната телевизиска мрежа „Телевиса“ изјави дека најмалку 54 лица се повредени, од кои 22 се деца.
Според него, меѓутоа, засега нема информации за жртви.
Како резултат на експлозијата над реонот, што се наоѓа во западниот дел од мексиканската престолнина, се крева висок столб од чад.