Неговата слика како папа не им се допаѓала на „медиумите за лажни вести“, верниците ја сакале тврди Трамп

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли загриженоста дека сликата генерирана од вештачка интелигенција за него како следен папа е навредлива за католиците.

Контроверзната слика беше објавена на профилот на Трамп на социјалната мрежа Truth Social во петокот. Не е познато дали го објавил самиот Трамп или некој од неговите соработници. Сликата предизвика поделени реакции. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци рече дека тоа е „слика која ги навредува верниците, ги навредува институциите и покажува дека лидерот на глобалната десница ужива да биде кловн“.

Незадоволство изразија и Тимоти Долан, надбискупот од Њујорк, кого Трамп го препорача за папа минатата недела, и Католичката конференција на државата Њујорк.

На прашањето за негативната реакција на католиците на сликата, Трамп одговори: „Не мислете на католиците, мислете на медиумите за лажни вести… Католиците ја сакаат (сликата)“.

Тој изјави дека сликата, која била споделена на X и официјалниот профил на Белата куќа, не ја видел до недела навечер. “Немам поим од каде потекнува. Можеби тоа беше вештачка интелигенција. Но, не знам ништо за тоа. Всушност, мојата сопруга мислеше дека е слатко. Таа рече, нели е убаво?” – раскажа Трамп.

Откако минатата недела се пошегува дека би сакал да биде нов папа, сега изјави дека таа позиција сепак не е во неговите планови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови американски санкции за земјите што соработуваат со Русија

ВИДЕО: Трамп се предомисли, сега вели републиканците да гласаат за објавување на „документите Епстин“

Трамп донесе одлука: Ќе има акција во Венецуела

Трамп повторно го помилува Ден Вилсон, учесник во немирите во Капитол во 2021 година

Ушаков: Русија и САД водат дијалог за Украина врз основа на договорот од Анкориџ

Конгресменката Марџори Тејлор Грин тврди дека добила закани поради судир со Трамп