Недостиг од храна поради климатските промени

Од:

Климатските промени со екстремните временски услови, како силни бури, суши и топлотни бранови, во иднина ќе предизвикаат тежот недостиг од храна, предупредуваат британски и американски научници.

Во извештајот кој бил изработен на барање на владата на Велика Британија, научниците, меѓу другото, расправаат и околу тоа дека преголемото потпирање врз глобалната трговија би можело дополнително да влијае на недостигот од храна во иднина.

„Многу е тешко да се карактеризираат овие екстремни временски услови и колку често се јавуваат, но она што е сосема јасно е дека овие настани кои се ретки во денешно време, ќе зачестат во иднина“, вели Кирсти Луис од британската метеоролошка служба (Met Office), кој е еден од авторите на извештајот.

Побарувачката за храна и есктремните временски услови како последица на климатските промени ќе бидат толкави што недостиг од храна ќе се случува еднаш во 30 години, за разлика од сегашните услови, кога сериозен недостиг од храна се случува еднаш во 100 години.

„Сè поголеми се шансите да се случуваат шокови на пазарот на храна поради временските услови, а ќе се зголемува и интензитетот на тие шокови“, изјавил Тим Бентон, професор по популациона екологија на Универзитетот во Лидс, кој го презентирал извештајот, додавајќи дека „сè посилен е императивот дека нешто мора да се преземе по ваквите процени“.

Во извештајот се предупредува дека пребрзиот и „изитрен“ одговор на државите на ваквата ситуација, како воведување забрана за извоз или увоз на одредени видови храна или житарки, би го зголемиле проблемот со дополнително зголемување на цените на храната.

„Ако се спојат најлошите институционални одговори и најлошото сценарио на снабдување со храна, работите сериозно ќе почнат да излегуваат од контрола“, рекол Роб Бејли од Кралскиот институт за меѓународни работи.

Во извештајот се препорачува да се направат планови на меѓународно ниво, да се развиваат подобри методи за изработка на модел за попрецизно предвидување на ефектите од смалувањето на количеството на храна и да се идентификуваат клучните точки во меѓународната трговија, за да се намалат ризиците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска