Недекларирано коњско месо можно е да има и во Чешка

Од:

Чешката ветеринарна управа (ЧВУ) соопшти дека испитува дали во земјата има сомнителни производи кои немаат декларација дека содржат коњско месо, јави дописникот на МИА од Прага.

Иницијативата, потекнала од Европскиот систем за рано предупредување за храна и храна за животни (РАСФФ), која предупредила на опасноста во Чешка да се наѓаат околу 15.000 парчиња на говедски лазањи произведени од „Тавола С.А Комигел“ од Луксембург.

Истекот на рокот за употреба на производите е 6 јуни 2013 година.

– Пратката од овие лазањи во Чешка би требало да се увезени од фирмата „Новако- Бидвест“, но не се наведени додатни информации, изјави портпаролот на ЧВУ Јозеф Дубен.

Според увозникот, можно е сомнителната серија на производи да не се наоѓа воопшто на чешкиот пазар.

– Спорната серија на на лазањи болоњезе, што се предмет на РАСФФ не дошле во нашиот магацин во Чешка, туку е останата кај производителот во Луксембург. Ние ја прекинавме дистрибуцијата на две постари серии уште минатата недела. Нивната содржина и сомневањето дали содржат коњско месо моментално се испитува во акредитирани лаборатории, изјави директорот на малопродажба во „Бидвест“ Јан Тајовски.

Во случај да се покаже присуство на коњско месо во наведените производи, тие ќе мора да се вратат кај производителот, или пак на декларацијата да се наведе дека содржат коњско месо.

Скандалот со недекларирано коњско месо, кое поради пониската цена се продавало како говедско започна во Велика Британија и Ирска. Подоцна се прошири и во Франција, Австрија, Норвешка, Германија, Швајцарија, Шведска и Финска.

Британската полиција притвори три лица за кои постои сомневање дека се вмешани во аферата со замена на месото.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица