Небензја: Западот ја снабдува Украина со оружје и ја обвинува Русија за страдањата на децата

Од:

Западните земји кои ја снабдуваат Украина со оружје ја обвинуваат Русија за ситуацијата со децата во конфликтните зони во Украина и се обидуваат да ја обвинат Москва за „киднапирање“ на малолетници, изјави денеска на неформален информативен состанок постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

Според Небензја, над 3.000 цивили, меѓу кои 152 деца, биле убиени во Донбас од 2014 до декември 2021 година.

„Во моментов, овие бројки рапидно растат, во значителна мера поради западните испораки на оружје со долг дострел, што им овозможува на украинските сили да погодат цивилни области кои претходно биле надвор од нивниот домет“, рече Небензја.

Тој потсети дека децата умираат од артилериски и снајперски оган и страдаат од нагазни мини кои, како што тврди, во периодот од 2014 до 2015 година, украинската армија ги поставила во населени цивилни места.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски