Се уште не се исполнети условите за безбедно враќање на бегалците Рохинџи од Бангладеш во Мјанмар, оцени високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
– Сегашните услови во областа Ракајн во Мјанмар не дозволуваат безбедно и трајно враќање на бегалците, рече портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс, ден по постигнатиот договор меѓу двете земји за враќање на бегалците.
Според него бегалци се уште ја напуштаат земјата и додава дека многу од нив биле жртви на насилство.
Владите на Бангладеш и Мјанмар потпишаа договор за враќање на стотици илјади членови од малцинстово Рохинџи, кои избегаа поради конфликтот, но според портпаролот на УНХЦР враќањето не треба да биде прерано и пред создавање на услови за трајно и безбедно враќање.