Не сакам да бидам во близина на градот бидејќи е загадено, вели „сибирскиот Могли“

Од:

Дваесетгодишното момче, познато во руските медиуми како „сибирскиот Могли“, кое неодамна е пронајдено по 16 години живот во шумата, рече дека е среќен во дивината и оти не сака да се врати во цивилизацијата.

Неговите родители го отфрлиле животот во конвенционалното општество во почетокот на 90-те години, по распаѓањето на Советскиот сојуз, и оттогаш живееле во шумска колиба.

Тој со жителите на градот Белокурик разговараше првпат во последните 16 години. Со родителите Александар и Елена живеел во изолирала еднособна колиба и не се школувал формално. Се изјаснил дека сака да остане да живее во колиба, што подалеку од луѓето.

– Живееме добро. Нема да се преселам во близина на градот. За да го сторам тоа, мора да имате покултурно општество, да го промените мирисот на градот и да го решите проблемот со загадувањето. Среќен сум таму каде што сум, рече тој за „Сибериан тајмс“.

Семејството преживувало од продажба на печурки или слики на неговиот татко, кои ги продавале на неколкумина луѓе со кои биле во контакт. Родителите го научиле да чита и пишува, а научил и англиски јазик читајќи од речник. Слободното време го поминувал читајќи книги или сликајќи.

Неговите родители само сакале нивниот син да биде „паметен, мил и искрен човек“.

Момчето со име Оџхан, што значи „голема душа“ е пронајден кон крајот на летото. Тој дошол до првото село да побара помош, откако родителите го оставиле сам во мај.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ