Не постојат докази дека напаѓачот од Марсеј бил радикализиран

Од:

Не постојат докази дека напаѓачот од Марсеј бил радикализиран или бил терорист, истакна обвинителот на Марсеј, по смртта на 36-годишното лице, убиено од полицијата откако нападна минувачи со нож, јави дописникот на МИА.

Обвинителот на Марсеј, Ксавиер Тарабо истакна дека напаѓачот имал психички проблеми, какои криминално досие.

Карим Лашехеб вчера нападна четири лица на прометна улица во францускиот град Марсеј, по што полицијата го застрелал напаѓачот, нанесувајќи му сериозни повреди, на кои тој подоцна им подлегнал во болница. Сите повредени не се во животна опасност.

Лашехеб првпат осуден во 2005 година на 15 години затвор за убиството на неговиот татко. Ослободен во 2017 година, тој повторно беше условно осуден во мај 2018 година поради смртни закани кон членови на семејството. Од јануари годинава по Лашехеб беше распишана потерница бидејќи не ги исполнувал условите за неговата условна казна.

Би можело да ве интересира

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот