Навроцки: Полска е подготвена да ја брани својата територија

Од:

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави пред ОН дека неговата земја ќе биде подготвена да „ја брани својата територија“ по неодамнешните упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на членките на НАТО и ЕУ.

„Полска секогаш ќе реагира соодветно и е подготвена да ја брани својата територија. Полскиот народ и земјите од Централна и Источна Европа нема да се плашат од руски беспилотни летала, увери Навроцки во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

– Нема да ги толерираме безмилосните провокативни потези на Москва против нас и другите нации, кои ги тестираат нашите реакции и ги заплашуваат нашите општества, додаде полскиот националистички претседател.

За помалку од две недели, Русија го наруши воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија со своите беспилотни летала и борбени авиони. Москва го негираше ова и ги обвини членките на ЕУ и НАТО за лажни тврдења.

Министрите за надворешни работи на групата Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство) се состанаа вчера на маргините на Генералното собрание на ОН и издадоа заедничка изјава во која ги осудуваат руските упади на територијата на НАТО како „неприфатливи“, додавајќи дека Москва „ја поткопува меѓународната безбедност“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да ги соборуваат руските авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор. Тој исто така рече дека верува оти Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја зазеде од почетокот на инвазијата, откако претходно изјави дека и Киев и Москва ќе мора да се откажат од територија за да се стави крај на војната.

Би можело да ве интересира

По четири години: Американски маринец ослободен од руски затвор во тешка состојба, Трамп му вети чизбургер

Москва има подготвена инфраструктура во Белорусија: Мапирани 150 воени локации

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Украина: Пет лица се повредени во рускиот воздушен напад врз Павлоград

Москва: Руските вооружени сили нападнаа украински магацини за беспилотни летала во регионот Харков

Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје да го напуштат градот на 48 часа