Питер Наваро, трговски советник во Белата куќа и специјалист за Кина, смета дека Пекинг криел информации за епидемијата на коронавирус и заразени за да победи во конкурентната борба за создавање вакцина.
САД, земја која најмногу настрада од пандемијата, повеќепати бараше навремени информации за ширењето на заразата кое започна во Кина.
-Една од причините зошто не не примија и не прикажаа информации за овој вирус на почетокот е дека тие се во трка за вакцина и сметаат дека ова е едноставна конкретна борба, дека е бизнис можност, дека би можеле да ја продаваат вакцината на светот, изјави Наваро синоќа за Фокс Њуз.
-Но ние ќе ги победиме. Ќе победиме благодарејќи на лидерството на претседателот Трамп. Ќе победиме затоа што министерството за здравство и социјала веќе започна трка со учество на пет компании, изјави тој.
Советникот Наваро е еден од најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп, кој уште во јануари во меморандум пратен до Советот за национална безбедност на САД предупреди за опасноста од коронавирусот, пренесе Њујорк тајмс.