Навални и натаму во сериозна состојба, но животот не му е загрозен

Од:

Водачот на руската опозиција Алексеј Навални сè уште е во индуцирана кома, но не е животно загрозен, иако неговата здравствена состојба е сè уште сериозна, соопшти болницата во Берлин каде е сместен.

„Пациентот сè уште е во одделот за интензивна нега во индуцирана кома и е на механичка вентилација“, се вели во соопштението на болницата.

Навални беше сместен во болница во Омск пред неколку дена, откако ненадејно му се слоши во текот на лет. Претходно на аеродромот испил пијалок со кој, како што тврдат неговите приврзаници, бил отруен.

На барање на семејството, тој беше префрлен од Русија на лекување во Германија.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он