Навални: Герхард Шредер е потрчко на Путин

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални остро го нападна некогашниот германски канцелар Герхард Шредер, тврдејќи дека е платен од рускиот претседател Владимир Путин.

– Шредер е платен од Путин. Но сега кога се обидува да го негира труењето со нервен агенс врз мене, тогаш тоа е многу разочарувачко, истакна Навални за германскиот весник „Билд“.

Шредер неодамна изјави дека не постојат сигурни докази за напад со отров врз Навални, додека германската Влада, пак, потврди дека станува збор за труење со нервен агенс „новичок“.

– Шредер е некогашен канцелар на најмоќната земја во Европа. Сега е само потрчко на Путин, кој штити убијци, нагласи рускиот опозициски лидер, додавајќи дека не постои сомнеж оти Шредер тајно добива пари од Путин.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп