Навалица на бремени Русинки во Аргентина

Од:

Аргентинските власти се загрижени поради големиот број бремени Русинки кои неодамна влегле во земјата, така што нивните деца автоматски ќе добијат аргентинско државјанство, што ќе им го олесни процесот на државјанство на родителите.

Шефот на аргентинскиот оддел за миграција, Флоренсија Карињано, изјави дека на шест бремени Русинки им бил забранет влезот во земјата оваа недела поради нивното лажно тврдење дека доаѓаат во Аргентина за туризам, пренесува АП.

Русинките на крајот добија привремен влез во земјата, а овој случај го привлече вниманието на феноменот руски трудници кои влегуваат во Аргентина за да се породат таму.

Карињано објави дека минатата година во Аргентина влегле вкупно 21.757 руски државјани, а од тој број околу 10.500 биле трудници.

„Во последните три месеци во Аргентина влегле 5.819 трудници“, додаде Карињано.

Аргентинските власти сега спроведуваат истрага за да откријат дали зад овој налет на руски трудници стои криминална организација.

Граѓаните на Русија можат да влезат во Аргентина без виза.

Децата родени во таа земја автоматски добиваат аргентинско државјанство, а процесот е забрзан за нивните родители.

Странците кои бараат аргентинско државјанство ги привлекува бесплатната здравствена заштита, како и пасошот со кој е можно да се патува во 171 земја во светот без виза.

„Проблемот е што овие луѓе доаѓаат во Аргентина, потоа ја напуштаат земјата и не се враќаат, но ја напуштаат земјата со аргентински пасош“, рече Карињано.

На почетокот на декември во Словенија беа уапсени двајца наводни шпиони со руско потекло, од кои едниот имал аргентински пасош, што предизвика загриженост во Буенос Аирес.

Карињано повика на построги проверки на издавањето на аргентинските пасоши, додавајќи дека во спротивно „другите земји повеќе нема да имаат доверба во аргентинските патни документи“.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ