Поради „ефектот на сунѓер“ на површината на Црвената планета таа е сува и непогодна за развој и опстанок на животот.
– Марс стана ненаселив кога неговата кора ја апсорбира водата од неговата површина, истакнуваат научниците од Оксфорд.
Новото истражување покажува дека Марс од пред три милијарди години бил прекриен со вода, како и Земјата. Но, Марс денес е пуст и сув.
– Водата на Марс реагира на свежо еруптираната лава која подоцна станува негова кора, што резултира со ефект на сунѓер. Хемиската реакција помеѓу водата и лавата доведоа до измена во минералниот состав на карпите и направи Црвената планета да биде непогодно место за живот, изјави д-р Џон Вејд, еден од авторите на студијата објавена во „Нејчр“ (Nature).