Отфрлањето на нафтата како извор на гориво и намалување на емисијата а штетните гасови за 50 отсто-не звучи како Америка која денес ја познаваме, но се чини дека иднината на таа земја, а веројатно и остатокот од светот, ќе биде одбележана со синтетичкото гориво.
Научниците од Универзитетот Принстон објавија дека нафтата можат да ја заменат со синтетичкото гориво кое е комбинација од јаглерод, природен гас и био-гориво.
Со воведувањето на синтетичкото гориво емисијата на стаклените гасови во таа земја би се намалила за 50 отсто, а научниците проучија како ова гориво може да се користи во класичните автомобили без посебно прилагодување.
Професорот Кристодулос Флудас и неговиот тим порачаа дека покрај бројните погодности замената на нафта со синтетичко гориво нема да биде брза и едноставна, но истакнуваат дека се работи за економски исплатлив начин на замена на нафтата.
Според неговите проценки САД би требало за 30 до 40 години во потполност да се префрли на синтетичко гориво, а вкупните трошоци на овој проект би изнесувале дури 1.100 милијардки долари.
Воедно се истакнува дека техниката на произзведување на синтетичко гориво е смислена во Германија во дваесетите години на минатиот век и дека е позната по називот „Фишер-Тропсков процес“.
„Фишер-Тропсков процес“ индустриска метода на добивање јаглеводороди од јаглероден моноксид и водород. Постапката е развиена во 1933 година во Германија, а Германците ја применувале за добивање моторно гориво во Втората светска војна.
Инженерите и научницие овој процес значајно го усовршиле од тогаш и значително е зголемена продуктивноста. Досега не се граделе централи запроизводство на синтетичко гориво, бидејќи цените на нафтата беа „ниски“, а трошоците за градба на таквите погони се прескапи.