Научниците открија 28 непознати видови вируси, сочувани во длабокиот мраз на Тибет

Од:

Научници кои ги истражуваат наслагите на глечерските мразови на Тибетската Висорамнина во Кина, откриле десетици досега непознати видови вируси, во слој од глечерот стар 15.000 години. Повеќето од овие вируси, кои преживеале поради тоа што биле заробени во длабокиот мраз, се различни од кои било вируси кои се опишани досега, велат истражувачите.

Наодите на научниците ќе помогнат да се разбере како вирусите еволуирале низ милениумите. За оваа студија, тие создале нова метода за анализирање на микроорганизмите во мразот со висока чистота, со која не се контаминираат примероците.

„Овие глечери се создавале постепено и заедно со прашината и гасовите, и многу, многу вируси беа исто така во тој мраз“, рече Жи-Пинг Жонг, главниот автор на истражувањето, кој работи во поларниот и климатски центар на Универзитетот во Охајо, САД.

„Глечерите во западна Кина не се добро истражени и нашата цел е да ги искористиме овие информации за да ги отсликаме некогашните животни средини. А, вирусите се дел од тие средини“, додава тој.

Истражувачите анализирале примероци земени во 2015 година од замрзнатиот врв Гулија во западна Кина. Јадрата се собрани на голема надморска височина од преку 7.000 метри и тие содржат слоеви на мраз кои се таложат секоја година, „заробувајќи“ сѐ што имало околу нив во моментот кога секој слој замрзнал. Тие наслаги создаваат нешто како временски след, кој научниците го анализираат за да дознаат повеќе за климатските промени, вирусите и другите микроорганизми и гасовите низ историјата.

Тие пронашле вкупни 33 видови вируси во мразот од Тибет – четири од нив биле претходно откриени, а најмалку 28 првпат се предмет на научно истражување.

„Ова се вируси кои би успеале одлично да живеат во екстремни средини,“ вели Метју Саливен, ко-авторот на студијата.

„Тие имаат потписи од гени кои би им помогнале да инфицираат клетки во студени средини. Воопшто не е лесно да се изолираат и методата која ја разви Жи-Пинг за да се деконтаминираат јадрата и да се проучуваат микробите во мразот, би можела да ни помогне во потрагата по истите генетски секвенци во други замрзнати средини – Марс, на пример, Месечината, или поблиску до дома – пустината Атакама“, изјави Саливен.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени