Научници работат на средство за контрола на размножувањето на комарците

Од:

Истражувачи од Универзитет на Аризона соопштија дека оствариле голем напредок во развојот на средство за контрола на размножувањето на комарците, чија цел е спречување на ширењето маларија и други болести одговорни за стотици илјади смртни случаи годишно.

Тие откриле протеин кај женките комарци кој, доколку се блокира, положените јајца се со аномалии што предизвикува угинување на ембрионот во нив. Така ќе се уништат голем дел од комарците, но не и други, корисни инсекти, како што е пчелата.

– Ова е важно откритие… Со него се елиминира отпорноста на комарците и има многу поголеми шанси да биде био-безбеден (за разлика од други слични методи), изјави шеф на универзитетскиот Оддел за хемија и биохемија, Ројзер Мајсфелд.

Според Светската здравствена организација (СЗО), од околу 216 милиони луѓе кои заболеле од маларија во 2016 година, дури 445.000 починале, претежно бебиња и мали деца во Субсахарска Африка. По маларијата следат вирусот зика, жолтата треска, чикунгуња, западнонилската треска и денгата, кои последниве децении се во постојан пораст.

Би можело да ве интересира

Трета фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци во Скопје

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска