НАТО: Украинската воздушна одбрана собори само 17 проценти од руските ракети во мај

Од:

„Украинската воздушна одбрана пресретна само 17 проценти од балистичките ракети во мај“, изјави неименуван висок функционер на НАТО за украинскиот весник „Европска правда“.

Објавувањето тврди дека НАТО ја анализирал ефикасноста на украинската воздушна одбрана за време на руските напади со балистички ракети на 17 јуни и дошол до оваа загрижувачка статистика.

Званичик рече дека Русија лансирала приближно 211 ракети и 8.150 дронови во Украина во мај, и дека процентот што „не успеале да ги достигнат своите цели од други причини“ е приближно 55 проценти за ракетите и околу 90 проценти за дроновите.

„Киев останува примарна цел, заедно со Харков. Русија лансира сè побројни и погусти роеви дронови истовремено од неколку насоки“, рече функционерот.

Функционерот на НАТО нагласи дека Украина продолжува да се соочува со значителни предизвици во воздушната одбрана и недостаток на ракети за скапите и модерни средства за воздушна одбрана што ги добила од Западот.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса