НАТО: Спроведувањето на Бриселскиот договор е клучно за регионот

Од:

Парламентарното собрание на НАТО, кое се одржува во Дубровник, вчера ги поздрави преговорите помеѓу Белград и Приштина и повика на целосно спроведување на Бриселскиот договор, за нормализација на односите, пренесуваат хрватските медиуми.

НАТО смета дека спроведувањето на договорот е од клучно значење за стабилноста на регионот, и е главен услов за приближување на Србија кон ЕУ, што е еден од стратешките цели на актуелната влада во Белград.

-Вратата на НАТО се отворени за државите од западен Балкан, кои сакаат да влезат во Северноатлантскиот сојуз и кои се подготвени да ги спроведат неопходните реформи, порачаа од Дубровник претставници на сојузничките и партнерски држави, повикувајќи ја посебно БиХ на смислени и итни уставни реформи.

Иако самитот на НАТО идната година во Лондон нема да се занимава со проширување на нови членки, во нацрт резолуцијата на Парламентарното собрание се повикува на продолжување на политиката на отворени врата, како темел за стабилноста, слободата и мирот во цела Европа.

Во заклучоците од Дубровник, како што пренесуваат хрватските медиуми, со честитки до Хрватска за влезот во ЕУ се истакнува напредок и исполнување на критериумите за членство на Црна Гора и Грузија додека Македонија е повикана што поскоро да го реши проблемот со името, поради тоа што Грција веќе со години го блокира евроатлантскиот пат на Скопје.

Парламентарци од 28 сојузнички и партнерски држави од властите на БиХ бараат итни и смислени уставни реформи и решавање на проблемот со заедничкиот воен имот, поради што НАТО на државата и го суспендира Акцискиот план за членство.

Помошничката на генералниот секретар на Алијансата, Колинда Габар Китаровиќ која што неодамна го посети Сараево рече дека за активирање на планот неопходно е да се направи попис на имотот.

На 59-тото Заседание на Парламентарното собрание на НАТО учествуваат околу 300 парламентарци од 28 држави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството