НАТО преместува извидувачки авиони во Романија за да ги надгледува руските борбени активности

Од:

НАТО ќе премести во Романија неколку свои извидувачки авиони кои моментално се стационирани во Германија, па тие ќе бидат поблиску до Украина, јави ДПА.

Извидувачките авиони АВАКС треба да пристигнат во вторник во Букурешт „за да го поддржат зголеменото присуство на алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност“, соопшти денеска НАТО.

Авионите АВАКС, кои вообичаено се сместени во базата на НАТО во Гејленкирхен кај Ахен, ќе бидат стационирани во базата на романските воздухопловни сили во Отопени во близина на Букурешт, на околу 200 километри од источната граница на земјата со Украина и таму ќе останат неколку недели.

„Додека илегалната војна на Русија во Украина продолжува да ги загрозува мирот и безбедноста во Европа, не смее да има сомнеж решеноста на НАТО да ја заштити и брани секоја педа од сојузничката територија“, рече Оана Лунгеску, портпаролка на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО