НАТО подготвува удар врз Русија

Од:

Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис го повика НАТО да биде подготвен за напад врз руската енклава Калининград.

– Треба да им покажеме на Русите дека можеме да ја пробиеме малата тврдина што ја изградија во Калининград. НАТО ги има потребните средства за уништување на руските бази во енклавата, рече Будрис во интервју за швајцарските медиуми, објави Спутник.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредуваше дека евентуалната блокада на регионот Калининград ќе доведе до „невидена ескалација“ и дека сите закани за регионот ќе бидат уништени.

Советот на Федерацијата на Русија претходно изјави дека Москва нема да дозволи никому да му се заканува на Калининград или на Балтичкото Море и дека на секоја провокација веднаш ќе се одговори.

Калининград е најголемиот град и административен центар на регионот Калининград, руска енклава помеѓу Полска и Литванија, која има пристап до Балтичкото Море.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори