НАТО поддржува одлуки на Холандија и на Британија да ја посочат Русија дека не почитува меѓународен поредок

Од:

Холандија ги информираше министрите за одбрана од НАТО кои од вчера заседаваат во Брисел, за кибер нападите врз канцелариите во Хаг на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО).

Нападот го изврши ГРУ – руското воено разузнавање,се наведува во соопштение на Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Нападот бил неутрализиран со напорите на холандските и британските служби.

Државите од НАТО се задоволни од одлуката на холандската и британската страна да ја посочат како виновник Русија за обидите за поткопување на меѓународниот поредок и меѓународните институции. Русија мора да го запре тоа однесување, вклучително и употребата на сила против соседи, со обидите за влијаење врз изборни процеси, со ширење дезинформации, се додава во соопштението на Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море