НАТО: Неосновани се тврдењата за распоредување војска на границата со Белорусија

Од:

НАТО денеска како неосновани ги отфрли тврдењата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека странски сили организираат распоредување војници на границата со таа земја.

Лукашенка вчера го обвини НАТО дека се обидува да ја подели Белорусија и да назначи нов претседател во Минск. Тој додаде дека подготовките се во тек во Полска и Литванија и истакна дека ги пренел белоруските вооружени сили во западната граница на земјата.

НАТО ги негираше овие обвинувања, велејќи дека не претставува никаква закана за Белорусија или која било друга земја и не распореди војници во областа.

„Нашата политика е строго дефанзивна“, сооошти НАТО.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека „режимот по секоја цена се обидува да го сврти вниманието од внатрешните проблеми на Белорусија со целосно неосновани изјави за имагинарни надворешни закани“, пренесе Би-Би-Си.

Неименуван официјален претставник на полското претседателство изјави дека идеите за тоа дека Полска планира каква било дестабилизација на границите се „пропаганда на режимот“ во Белорусија.

„Полска нема таква намера“, додаде официјалниот претставник.

НАТО ја повика Белорусија да ги почитува основните човекови права на своите граѓани.

Лукашенко му нареди на раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје